Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо и членот на Портланд Кармело Ентони се прогласени за најдобри играчи изминатата недела во НБА, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.

Најдобриот играч во Источната конференција беше Јанис Адетокунбо. Во просек, тој постигна 34,8 поени по натпревар, направи 11,3 скокови, забележа четири асистенции и 1,5 блока. Неговиот тим победи на сите четири натпревари минатата седмица.

На Запад за најдобар кошаркар е прогласен Ентони, кој неодамна потпиша договор со Портланд. Неговиот просечен учинок по натпревар беше 22,3 поени, 7,7 скока и 2,7 асистенции. Неговиот тим победи на три од три натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2019 10:29