Кошаркарот на Хјустон, Џејмс Харден постави рекорд во НБА за прецизно изведени слободни фрлања. „Брадата“ од 24 обиди немаше ниту едно промашување ноќеска на средбата со Сан Антонио.
Претходниот рекорд со прецизно изведени слободни фрлања го држеше Доминик Вилкинсон кој без промашување погоди 23 удари.
Харден натпреварот во Сан Антонио го заврши со 50 поени, но и тоа не им помогна на „ракетите“ да го избегнат поразот (133:135).