Главниот тренер на Портланд, Тери Стотс изјави дека Пау Гасол ќе биде дел од неговиот стручен штаб.

Прославениот Шпанец пред почетокот на сезоната дојде во Портланд од Милвоки со надеж дека ќе закрепне од повредата, но не успеа и набргу беше раскинат договорот.

Претходно беше објавено дека Барселона е заинтересирана за потпишување договор со него.

Триесет и деветгодишниот Шпанец е двократен шампион во НБА лигата со Лејкерс. Шест пати учествуваше на „Ол стар“ дуелот во НБА.

Гасол е светски шампион со Шпанија во 2006 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2019 11:57