Организаторите на Летните олимписки игри во Токио 2020 година, одлучија маратонот и трките во брзо одење да се одржат во Сапоро, на 800 километри од главниот град на Јапонија.

Во летниот период, во Токио времето е многу топло, воздухот е влажен, условите за маратон воопшто не се идеални, па затоа најдолгата трка ќе се трча на најсеверниот јапонски остров Хокаидо, во градот Сапоро, каде температурите се поподносливи.

Трките во Сапоро се закажани за периодот од 6 до 9 август, и ќе почнуваат во 7 часот наутро по локално време. Токио и во 1964 година беше домаќин на ОИ, но тогаш игрите се одржаа во октомври, па маратонците немаа проблем.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2019 00:29