Од следната сезона во Формула 1 шампионатот, карираното црно-бело знаме повторно ќе биде сигнал дека една трка е завршена.

Светската автомобилска асоцијација, ФИА, за оваа сезона која штотуку заврши, одлучи светлосен панел да го означува крајот на трките, но тоа донесе повеќе полемики отколку реално подобрување. Особено на трката во Јапонија имаше проблем, бидејќи грешка во системот означи крај на трката на еден круг до крајот, но возачите продолжија да возат и знаеја дека работата не е завршена.

Сега на состанокот на ФИА одлучено е да се врати црно-белото знаме како дефинитивен сигнал. И во 2019 година имаше знаме, но светлосниот панел беше официјалниот сигнал дека трката е завршена.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2019 20:33