Сакраменто го победи Хјустон на гостински терен со 119:118 на дуелот одигран ноќеска. Ниту 34-те поени на Расел Вестбрук и дабл-дабл ефектот на Џејмс Харден (27 поени и 10 асистенции) не беа доволни „ракетите“ да се спасат од пораз.

Резултати на натпреварите во НБА лигата играни ноќта меѓу понеделник и вторник:

Индијана – ЛА клиперс 99:110 Бостон – Кливленд 110:88 Чикаго – Торонто 92:93 Хјустон – Сакраменто 118:119 Милвоки – Орландо 110:101 Њу Орлеанс – Детроит 103:105 Феникс – Минесота 125:109 Јута – Оклахома 90:104 Голден Стејт – Мемфис 102:110.

Во досегашниот дел од сезоната екипи со најдобар биланс се Лос Анџелес лејкерс и Милвоки бакс со по 21 победа и само три порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2019 12:11