Хјустон го совлада Кливленд со 116:110 најмногу по заслуга на Џејмс Харден кој мечот го заврши со 55 поени.
На другите средби од НБА лигата играни ноќта среда кон четврток, Леброн Џејмс забележа нов трипл-дабл (25 поени, 11 скока и 10 асистенции) во триумфот на Лејкерс над Орландо, Клиперс го совлада Торонто благодарение на 23 поени на Каваи Ленард, додека Кемба Вокер ниту со 44 поени не го спаси Бостон од пораз на мечот со Индијана. Во дуелот на двете екипи со најслаб биланс досега, Њујорк беше поуспешен од Голден стејт по продолжение.
Постигнати резултати: Кливленд – Хјустон 110:116 Индијана – Бостон 122:117 Орландо – ЛА лејкерс 87:96 Торонто – ЛА клиперс 92:112 Бруклин – Шарлот 108:113 Чикаго – Атланта 136:102 Минесота – Јута 116:127 Милвоки – Њу Орлеанс 127:112 Сакраменто – Оклахома 94:93 Голден стејт – Њујорк 122:124 (по продолжение).