На лизгалиштето при А1 Арена Борис Трајковски од утре до недела ќе се одржи седмото издание на традиционалниот турнир во хокеј на мраз „Скопје Ајс Фестивал“.
На турнирот ќе учествуваат екипите на ХК Вардар-Скопје, Македонија јуниори, Торпедо Букурешт (Романија) и Тим Интернешнл составен од хокеари од Европа и од Северна Америка.
Во првото коло утре (13 декември) со почеток од 18:30 часот ќе играат Македонија Јуниори и Интернешнл, додека од 20:30 часот, силите ќе ги одмерат тимовите на Вардар и Торпедо.
Во сабота (14 декември) двојките се: Македонија Јуниори – Букурешт (почеток 8:30 часот), Вардар – Интернешнл (10:30) Букурешт против Интернешнл (15:30) Македонија Јуниори – Вардар (17:30).
Финалните средби се закажани за в недела од 8:30 часот.