МЗТ Скопје Аеродром доживеа пораз на гостувањето кај Ловќен во Цетиње со 73-69 (38-35) во 11 коло од АБА2 лигата. За тимот од Аеродром ова беше трет пораз во регионалната лига.

„Штрковите“ го изгубија дуелот во завршницата, откако имаа предност од 63-57 во последните пет минути, но до крајот уфрлија само 6 коша, а притоа примија 16, што беше клучно за финалниот исход.

Дамјан Стојановски реализираше 20 поени за скопскиоттим, додека Херис и Хиндс постигнаа по 12. Ѓукановиќ со 23 поени беше најпрезцизен во победничкиот тим.

МЗТ во следното коло гостува кај Слобода.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2019 21:27