Екс комесарот на НБА лигата, легендарниот Дејвид Штерн, уште е во критична здравствена состојба по операцијата која му беше направена, откако во еден ресторан доби излив во мозокот.

Штерн беше прв човек на најсилната кошаркарска лига на светот во периодот од 1984 до 2014 година, пред да биде заменет со Адам Силвер, кој веќе пет години е на чело. Во тие 30 години, НБА доживеа голема експанзија, ја зголеми популарноста, воведени се ограничувања на платите, и уште многу позитивни работи.

Во соопштението на НБА, наведуваат дека состојбата се следи постојано и оти 77-годишниот Штерн е опкружен со неговите најблиски, сопругата Дајен и синовите Ерик и Ендрју.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2019 00:09