После поразот од домашната Романија, македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 16 години на турнирот во Таргу Џиу претрпе пораз и од Израел, убедлив, со 51:83.
„Црвено-жолтите“ добро се држеа во првата четвртина, но потоа противникот беше многу подобар и на крај дојде до убедлив триумф, со кој најави дека ќе биде фаворит кога овие две селекции ќе се сретнат на кадетското ЕП во Скопје во претстојното лето.
Виктор Стојковски со 12 поени беше единствениот со двоцифрен број на поени во македонскиот тим. Најголем проблем беа дури 30-те загубени топки. Последниот меч е утре претпладне против Бугарија.