Двете екипи од Лос Анџелес доживеаја порази на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник.

Лејкерс загуби по шести пат оваа сезона во дербито со Деневер, додека Клиперс по слабото второ полувреме беше поразен од Оклахома.

Резултати: Бостон – Шарлот 119:93 Милвоки – Индијана 117:89 Оклахома – ЛА клиперс 118:112 ЛА лејкерс – Денвер 104:128.

Со 27 победи и четири порази најдобар тим во досегашниот дел од првенството е Милвоки, следува Лејкерс со 24-6, Бостон има 20-7, Торонто и Мајами се со биланс 21-8, Деневер има 20-8.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2019 13:44