ЦСКА Москва го совлада Армани Милано со 78:75 во меч од кошаркарската Евролига, а најзаслужен за победата на „армејците“ беше италијанскиот репрезентативец Даниел Хакет.

Хакет постигна 28 поени и беше прв стрелец на средбата. Тој имаше и важна освоена топка при 76:72, а потоа даде кош за 78:72, со што го одлучи победникот. Вечерва се играат уште четири натпревари, а колото ќе се комплетира утре.

После 16 кола, ЦСКА има 11-5, што е доволно за петто место, додека Армани падна на 8-8 и се наоѓа на осма позиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2019 00:52