Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром за првпат во својата историја ќе има и женски клуб, откако денеска ја официјализираа своевидната фузија со прволигашот Студент Академија.

„Штрковите“ имаат два тима во машката прволигашка конкуренција, а сега клубот побогат за уште еден свој член. Тимот ќе настапува под името ЖКК МЗТ Скопје Аеродром, а тренер ќе биде Вела Красниќ.

Идејата на клубот е популаризација на женската кошарка, и со понудата на одлични услови за тренирање, да привлечат што повеќе девојчиња да тренираат кошарка и омасовување на женската кошарка во Општина Аеродром. Откако клубот би се стабилизирал, од следната сезона би имал и посериозни амбиции.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2019 16:00