Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс го остварија четвртиот триумф по ред во НБА лигата, откако ноќеска беа поуспешни од Хјустон рокетс со 127:112.

За Пеликанс ова беше 11 победа наспроти 23 порази во досегашниот дел од сезоната, додека Хјустон го запиша 11-от пораз во 33 натпревари.

Резултати на другите натпревари од НБА лигата одиграни ноќта меѓу недела и понеделник: Торонто – Оклахома 97:98 Денвер – Сакраменто 120:115 Мемфис – Шарлот 117:104 ЛА лејкерс – Далас 108:95. Во Западната конференција води Лос Анџелес лејкерс со 26-7 (победи-порази), пред Денвер со 23-9 и Лос Анџелес клиперс со 23-11.

На Исток прв е Милвоки со 29-5, пред Мајами со 24-8 и Бостон со 22-8.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2019 11:53