Поранешниот комесар во НБА лигата, Дејвид Штерн, почина синоќа на 77-годишна возраст. Пред три недели тој доживеа мозочен удар.
Штерн беше комесар на најсилната светска кошаркарска лига од 1984 до 2014 година. По пензионирањето, стана член во „Куќата на славните“ за неговиот огромен придонес во развојот на НБА.
За многу експерти Штерн беше ден од највлијателните луѓе во историјата на кошарката. Под негово водство, НБА лигата стана една од најпрофитабилните лиги во светот, во неа се појавија седум нови екипи, а од 1992 година, играчите на НБА учествуваат на Олимписките игри.