Еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката, Мајкл Џордан, му оддаде почит на поранешниот комесар во НБА, Дејвид Штерн, кој почина вчера на 77-годишна возраст.

– Без Штерн, НБА лигата не би била таква каква што е денес. Тој ја водеше НБА лигата низ тешки времиња и ја претвори во светски феномен, давајќи можности за кои ретко кој сонувал. Неговите визии и лидерски вештини ме доведоа на меѓународно ниво и ми дозволија да успеам. Давид ја сакаше кошарката и бараше извонредност од другите, што ме воодушеви во него. Јас не би бил тоа што сум без Дејвид Штерн, изјави легендарниот Џордан.

Од 1991 до 1998 година Џордан освои шест шампионски прстени.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2020 14:23