Крилниот центар на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис одби 146 милиони долари за продолжување на договорот со „езерџиите“. Како причина за таквата негова одлука се наведува желбата да биде неограничено слободен агент во летниот период.

Дејвис за наредната сезона има загарантиран договор на 28.7 милиони долари, но не сака да ја искористи ниту таа опција.

Оценка на стручњаците е дека Дејвис не сака да го напушти Лос Анџелес туку сака да остане фокусиран на тековната сезона, а по нејзино завршување да потпише петгодишна соработка со лејкерси на максимални 202 милиона долари.

Кон средината на минатата сезона, тој побара да биде трампан од Њу Орлеанс во желбата да заигра со Леброн Џејмс што и се случи летоска во замена за Брендон Инграм, Лонзо Бол и Џош Харт.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2020 15:51