Оваа АБА 2 недела е прилично посебна, затоа што ни го носи големото дерби – Борац против МЗТ Скопје Аеродром. Доволно е само да се каже дека овие две екипи моментно ја водат трката во првенството. Борац го држи врвот на табелата со биланс 12-2, додека МЗТ Скопје Аеродром е веднаш зад себе со резултат 11-3 (победи-порази), стои во најавата за дербито на веб-страницата на регионалното кошаркарско првенство.

Тренерот на аеродромци, Ѓорѓи Кочов вели дека српскиот тим е фаворит.

– Пред нас е натпревар против противник кој добро го познаваме и екипа која во досегашниот дел од шампионатот покажа најголема константност. Играат агресивна одбрана на граница на прекршок, особено на домашен терен. Борац, без сомнение, е фаворит пред овој дуел, но и ние имаме што да кажеме, односно и во Чачак ќе одиме на победа исто како и на секој друг меч. Ги знаеме нивни предности, но и слабости и ќе пробаме да ги принудиме да ги покажат своите слаби точки, изјави Кочов.

Средбата во Чачак почнува во 18 часот.

Во првиот дел од сезоната, МЗТ го совлада Борац во Скопје со 76:69.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2020 12:35