Легендарниот американски кошаркар, Скоти Пипен, член на „Домот на славните“, смета дека 20-годишниот член на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, веќе е во состојба да се бори за шампионскиот прстен.

– Лука Дончиќ веќе е подготвен да го освои првенството. Тој станува се подобар и подобар на секој натпревар. Тој доминира. Дончич не игра себично и многу добро го чувствуваме неговото присуство на теренот. Ова е млад играч кој е самоуверен. Се повеќе и повеќе се открива. Тој се движи кон тоа да стане голем играч. Дончиќ е еден од најдобрите играчи во лигата, рече Пипен.

За Словенецот, ова е втора сезона во НБА-лигата. Минатата, неговиот тим за малку не избори плеј-оф.

Во Америка, Дончиќ дојде од Реал Мадрид за кого играше од 2015 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2020 18:19