Пораз изразен со 22 поена разлика претрпе македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва на гостувањето кај Борац во Чачак и многу веројатно ги загуби сите шанси за првото место по основниот дел во АБА 2 лигата.

Српскиот тим забележа победа со 95:73 и целосно му се реваншира на ривалот за поразот (69:76) во Аеродром во првиот дел од сезоната.

На седум кола до крајот на регуларниот дел, Борац има две победи повеќе од „сино-белите“ и подобар биланс во меѓусебните пресметки и само чудо може да се случи да го загуби врвот пред почетокот на плејофот.

Радован Џоковиќ со 25 поени беше најзаслужен за триумфот на Борац, Џорџе Милошевиќ со 15 и Џабари Хиндс со 13 беа најефикасни во поразената екипа.

По 15 одиграни кола, Борац е прв со биланс 13-2 (победи-порази), МЗТ е втор се 11-4.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2020 21:31