На свечената академија, одржана по тој повод, беше кажано дека во овие 50 години клубот освоил 4 титули, првак кој на два пати го освоил Купот на земјава и еднаш Библ лигата, а на три пати го зазел второто место.

Пред присутните спортисти, поранешни и сегашни кошаркари, тренери, спортски работници и почитувачи на кошарката, говореше историчарот Петре Камчевски, кој и самиот своевремено бил дел од „Тиквеш", како кошаркар, но и тренер. Тој рече дека станува збор за еден од најуспешните спортски клубови во Кавадарци. Кошаркарите на клубот дале голем прилог во развојот на кошарката во Кавадарци, земјава и пошироко.

– Од неговите редови излегоа репрезентативците Тодор Гечевски, кој има одиграно најголем број натпревари за Македонската кошаркарска репрезентација, репрезентативецот Врбица Стефанов, кој притоа играше и во неколку европски познати клубови. Тие двајцата биле дел од екипата и стручниот штаб, кога во 2011 година во Литванија на Европското првенство во кошарка го постигнаа најголемиот успех на македонската кошаркарска репрезентација и зедоа одличното 4 место, потсети Камчевски.

Од редовите на КК Тиквеш произлегле и репрезентативецот Горан Самарџиев, кој во 1997 година беше прогласен за најдобар млад спортист во земјава, а од редовите на КК Тиквеш потекнува и репрезентативецот Ристе Стефанов.

Играчите на клубот, по завршување на спортската кариера станале познати политичари, градоначалници, лекари, професори, општествени работници, стопанственици, познати и признати тренери и членови во раководството на македонската кошаркарска федерација.

– Со еден збор, клубот стана расадник на успешни луѓе кои оставија белег во нашиот град и пошироко, додаде Камчевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2020 17:42