Кошаркарот на Детроит пистонс, Дерик Роуз е казнет заради фрлање пенкало на трибините за време на натпревар со Њу Орлеанс.

При еден тајм-аут, Роуз зема од записничката маса едно пенкало и го фрли на трибините на спротивната страна.

Инцидентот не остана незабележан од службените лица, а НБА парично го казни 31-годишниот Американец со 25 илјади долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2020 10:26