Актуелниот шампион во НБА, Торонто Раптерс го совлада Вашингтон Визардс на домашен терен со 140:111 во дуел од НБА лигата.
Домаќините имаа дефицитен на стартот од мечот, но до крајот на првата четвртина водеа со 12 поени и нивната предност достигна плус 33 во еден момент од дуелот. Седум кошаркари завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу реализира Норман Пауел, постигнувајќи 28 поени од клупата. Теренс Дејвис додаде 23, исто така од клупата, додека Марк Гасол постигна 20.
За волшебниците, Трој Браун Џуниор заврши со 22 поени и додаде 8 скока.
Ова беше седми последователен успех на „диносаурусите“ над „волшебниците“. Тимот на Ник Нерс го израмни рекордот за најмногу поени во историјата на организацијата – интересно е што последниот пат кога составот постигна 140 беше повторно против Вашингтон во јануари 2019 година, но по продолжение.
Ова е најголем број на поени кои Рапторс ги реализира во регуларниот дел од сезоната. Тимот имаскор од 27-14, додека Вашингтон 13-28. Во следните натпревари, Торонто гостува на Минесота Тимбервулвс, додека Вашингтон е домаќин на Детроит Пистонс.
Еве ги резултатите од другите дуели:
Индијана Пејсерс – Минесота Тимбервулвс 116: 114 Филаделфија 76-ерс – Чикаго Булс 100: 89 Мемфис Гризлис – Кливленд Кавалиерс 113: 109 Оклахома Сити Тандер – Мајами Хит 108: 115 Сан Антонио Спарс – Атланта Хокс 120: 121 Далас Маверикс – Портланд 120: 112.