Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром искажа комплименти за противничкиот тим пред вечерашното гостувањето во Сплит.

– Сплит пред сезоната беше мој фаворит во борбата за највисок пласман, бидејќи има квалитетен и талентиран состав, а доказ за тоа е и неодамнешната победа над Цибона. Свесни сме дека противникот ќе стори сѐ за да нѐ победи, бидејќи тоа им е неопходно во борбата за плејофот. Но, без разлика што Сплит е засилен во однос на првата средба, ние не патуваме во Хрватска со бело знаме. Ако успееме да го контролираме резултатот за да бидеме во егал-ситуација до самиот крај и ако го исконтролираме скокот, тогаш ќе имаме добри шанси да се вратиме со триумф, изјави Кочов за веб страната на АБА 2 лигата.

Натпреварот Сплит – МЗТ Скопје Аеродром со кој ќе биде отворено 17. коло во региоланата кошаркарска АБА 2 лига, се игра вечер од 19 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2020 15:15