Ростерот на кошаркарите на Работнички од денеска е освежен за американскиот плејмејкер Демиер Питс. Неговиот ангажман се толкува како силен сигнал во намерата за враќање на домашниот шампионски во витрините во Градски парк.

Питс има 30 години, висок е 178 сантиметри, се одликува со брзина и важи за играч што одлично разигрува, но и асистира. Веќе седум години е присутен на европскиот континент.

Прва дестинација му беше Исланд и тамошниот КФИ од Исафјордур (сезона 2012/13). Потоа играше и за турски Истанбул ДСИ, италијанскиот второлигаш Росето Шаркс, за летонските Вентспилс и Валмиера Ордо, за Катаја во Финска, за Бенфика и за Јасберењи во Унгарија.

Тој е второ засилување за Работнички оваа зима по ангажманот на Марјан Младеновиќ од Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2020 22:23