Дисциплинската комисија на АБА 2 лигата му изрече парична казна во висина од 15.001 евро на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, плус еден натпревар на домашен терен без публика.

Санкцијата од регионалното натпреварување доаѓа поради инцидентот на средбата од 16.коло со Сутјеска во СЦ „Јане Сандански“ кога во неколку наврати беа навредувани и плукани судиите и службените лица.

Следен натпревар на кој МЗТ Скопје Аеродром ќе биде домаќин во АБА 2 лигата е против Хелиос на 30 јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2020 11:27