Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл во дуелот со Хјустон рокетс кој неговиот тим го загуби со 121:105.

Србинот мечот го заврши со 19 поени, 12 скокови и 10 асистенции за 34 минути поминати на теренот.

Во победничкиот тим најефикасни беа расел Вестбрук со 28 и Џејмс Харден со 27 поени.

Резултати на другите натпревар од НБА лигата играни ноќта среда кон четврток: Детроит – Сакраменто 127:106 Орландо – Оклахома сити 114:120 Торонто – Филаделфија 107:95 Атланта – ЛА клиперс 102:95 Бостон – Мемфис 119:95 Мајами – Вашингтон 134:129 (по продолжение) Њујорк – ЛА лејкерс 92:100 Чикаго – Минесота 117:110 Феникс – Индијана 87:112 Њу Орлеанс – Сан Антонио 117:121 Голден Стејт – Јута 96:129.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2020 11:49