Големата НБА sвезда Леброн Џејмс се одликуваше со „трипл-дабл“ за Лос Анџелес Лејкерс во победата од 128:113 над Бруклин Нетс.

„Кралот“ заврши со 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

Ова е трет „трипл-дабл“ за Џејмс, откако на 30 декември наполни 35 години.

Пред него, единствениот кошаркар со најмалку три „трипл-дабл“ во НБА над 35-годишна возраст беше Џејсон Кид, кој во 2011 година стана шампион со Далас Маверикс.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2020 14:21