„Mamba 4 life“ беше пораката која рано сабајлево ја носеше Леброн Џејмс на патиките во натпреварот на Лос Анџелес против Филаделфија.

Леброн, кој важеше за близок пријател на Брајант, постигна 29 поени во поразот на неговата екипа и со тоа успеа да го надмине Брајант на вечната листа на НБА за постигнати поени.

Џејмс на своето конто запиша 33.644 или еден повеќе од Коби Брајант.

Пред Џејмс се само легендарниот „поштар“ на Јута, Карл Мелоун со 36.928 поени и големиот Карим Абдул Џабар 38.387 коша од кои само една тројка.

Неколку часа подоцна пак, со брзина на светлината во светот одекна веста дека Брајант трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2020 21:58