Трагична вест го погоди светскиот спорт. Американските медиуми пренесоа дека Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа во САД.

Информација за несреќата прв објави американскиот таблоид „ТМЗ“ за потоа и „Лос Анџелес Тајмс“ излезе со фотографија од местото на несреќата со дополнување дека сите патници и членови на екипажот ги загубиле животите во падот на хеликоптерот.

Според првичните и неофицијални информации, заедно со Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинала и една од неговите четири ќерки 13 годишната Џиана Мариа-Оноре Брајант.

Информацијата дека во хеликоптерот била и неговата ќерка ја објавија спортските новинари на ЕСПН и додадоа дека заедно со уште пријател Брајант и Џиана оделе на тренинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2020 22:27