Поранешниот НБА играч и член на „Куќата на славните“ Шекил О’Нил реагираше на смртта на поранешниот партнер на Лејкерс, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.

-Нема зборови за да ја искажам болката што ја чувствувам во врска со оваа трагична загуба на мојата убава Џиџи и мојот брат Коби Брајант. Те сакам и ќе ми недостигаш.

Сочувство до семејството Брајант и семејствата на останатите патници кои беа во хеликоптерот. Ова е многу болно, напиша Шек на социјалните мрежи.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2020 02:08