Преку соопштение до јавноста по трагичната несреќа во која загина Коби Брајант својот шок и неверување го искажа уште една светска кошаркарска легенда, Мајкл Џордан.
- Шокиран сум од трагичната вест за смрта на Коби и неговата ќерка Џијана. Неможам со зборови да ја опишам болката која ја чуствувам. Го доживував како помлад брат а долгите разговори со него, вечно ќе ми фалат. Беше вистински борец, еден од најголемите во кошаркарската игра и вистинска креативна сила. Брајант исто така беше и фантастичен татко кој премногу ја сакаше фамилијата, стои во соопштението на Мајкл Џордан.