Кошаркарите на Вашингтон визардс одиграа ефикасен дуел на гостувањето кај Милвоки бакс, но и покрај 131 постигнат поен, загубија, бидејќи домаќините броеја до неверојатни 151. Резултатот по четвртини: 42:28, 46:35, 29:41 и 34:27.

Ова беше најефикасниот меч во НБА лигата од осумте одиграни ноќта меѓу вторник и среда.

Резултати на другите седум средби: Шарлот – Њујорк 97:92 Филаделфија – Голден Стејт 115:104 Кливленд – Њу Орлеанс 111:125 Торонто – Атланта 130:114 Мемфис – Денвер 104:96 Мајами – Бостон 101:109 Далас – Феникс 104:133.

Натпреварот Лос Анџелес лејкерс – Лос Анџелес клиперс е одложен.

Лејкерс е лидери на Западот со 36 победи и 10 порази. Во Источната конференција убедливо прв е Милвоки бакс со 41 победа и шест загубени натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2020 11:32