Вооружен крадец денеска украл пари од брокерско друштво во Куманово. Кумановската полиција потврди дека вооружен разбојник, денеска околу 13.30 часот, одзел одредена сума на пари од брокерско друштво, лоцирано на улицата „Иво Лола Рибар“. Случајот во полицијата го пријавил вработен. Од СВР Куманово информираат дека се работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.