Расел Вестбрук со 39 поени, 10 скока и шест асистенции беше најдобар играч на дуелот со Портланд, но тоа не беше доволно неговиот тим Хјустон да го избегне поразот во „Мода центар“.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта среда кон четврток: Индијана – Чикаго 115:106 (по продолжение) Бруклин – Детроит 125:115 Њујорк – Мемфис 106:127 Сан Антонио – Јута 127:120 Портланд – Хјустон 125:112 Сакраменто – Оклахома 100:120.

Со биланс 36-10 (победи-порази) лидер во Западната конференција е Лос Анџелес лејкерс, додека на Исток води Милвоки со скор 41-6.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2020 12:10