Лос Анџелес лејкерс објави пост на официјалниот клупски Твитер во врска со трагичната смрт на славниот играч на тимот Коби Брајант и неговата ќерка Џана.

-Ние сме уништени и засекогаш сменети од ненадејната загуба на Коби Брајант и неговата ќерка Џана. Ја споделуваме нашата тага со Ванеса, семејството Брајант, како и семејствата на другите патници.

Зборовите не можат да искажат колку значи Коби за Лејкерс, нашите навивачи и нашиот град. Повеќе од кошаркар, тој беше сакан татко, сопруг и соиграч. Нивната љубов и светлина засекогаш ќе останат во нашите срца, се вели во соопштението на Лејкерс.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2020 12:27