Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард, не е сигурен дали ќе продолжи да се превезува со хеликоптер. Ова изјава на Ленард доаѓа по хеликоптерската несреќа во која животот го загуби Коби Брајант и други осум лица.

– Честопати летав со пилотот на Коби. По преселбата во клубот од Лос Анџелес се консултирав со локалната легенда Коби Брајант за животот во градот. Често си одам дома во Сан Диего и за превоз почнав да користам хеликоптер. Зборував со Коби за овој вид транспорт и тој ми кажа дека веќе 17 години патува на ваков начин. Пилотот Ари Зобајан беше еден од најдобрите пилоти. Не можам да верувам што се случи. Многу ми е жал за сите нив, изјави Ленард.

Тој не одлучил дали да ќе го напушти патувањето со хеликоптери.

– Не можам да зборувам за тоа. Не знам. Сè уште не знам. Толку многу работи се измешани во мојата глава, додаде Ленард.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2020 13:43