Кошаркарската пресметка меѓу Њујорк и Мемфис што се одигра ноќеска во „Медисон Сквер Гарден“ заврши со тепачка на теренот и триумф на „гризлите“. Но, тоа не е единствен инцидент од натпреварот во Големото јаболко.
За ситуацијата во која се наоѓа арената со големо име и историја, позната како „Гарден“, говори и изјавата на гостинскиот играч Џо Морент кој по натпреварот изјави дека не можел нормално да се истушира.
Пред новинарите откри дека немало топла вода во соблекувалната, меѓутоа дека немало доволен притисок и за ладната вода.
„Медисон Сквер Гарден“ е отворена во 1968 година, откако сали со истото име трипати дотогаш менуваа локација во Њујорк – во 1879, во 1890 и во 1925 година.