Пилотот Ара Зобајан, кој управуваше со хеликоптерот во кој загина легендарниот Коби Брајант, беше личен возач и на ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард. Тој сè уште не може да поверува за трагичниот настан во неделата што го потресе светот.

– Порано летав со него. Одличен човек, многу љубезен. Тој беше еден од најдобрите пилоти. Тоа е момчето кое го замолувате да ве пренесе од град во град. Се ова ми е нереално, рече Ленард.

Ленард минатата година се врати во родната Калифорнија, откако најголем дел од кариерата мина во Сан Антонио Спарс. Кратко време потоа прифати размена во Торонто и учествуваше во освојувањето на првиот шампионски прстен на репторси.

Неговиот стан во Лос Анџелес е во близина на „Стејплс Центар“ каде клиперси ги играат своите натпревари како домаќини, но често знаеше да лета до Сан Диего, каде што е роден. За трансфер до таму најчесто користеше хеликоптер, но по трагедијата со Брајант, веројатно ќе одбере друго превозно средство.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2020 21:42