Во 14:56 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен С.М.(42) од с.Батинци, скопско, со повреда од прострелна рана.

По кажување на повредениот, тој додека бил заедно со Л.Г.(28) од Р.Албанија во близина на бензинска пумпа на бул.„Гоце Делчев“, настанала расправија со едно женско лице, кое со пиштол пукало кон него и го повредило, по што тој го одзел пиштолот и со патничко возило „фолксваген поло“, без регистарски ознаки, со Л.Г. се упатиле во болница.

Според негово кажување, на бул.„Гоце Делчев“ го фрлиле пиштолот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2020 01:38