Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг ќе биде надвор од терените најмалку една недела поради повреда на десното колено, објавено е на официјалниот Твитер на клубот.

Ирвинг се повреди на натпреварот со Вашингтон, борејќи се за топката со Бредли Бејл.

Бруклин го загуби мечот со 113:107, а Ирвинг за 29 минути колку што беше на паркетот до повредата, постигна 11 поени, и забележа по четири скокови и асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2020 00:30