Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром повторно е на првата позиција на табелата во Првата лига, откако вечерва без поголеми проблеми забележа убедлива победа над Пелистер со 83:59.

За аеродромци ова е 11.победа, додека битолчани го претрпеа осмиот пораз.

На вториот прволигашки натпревар одигран вечера со кој се комплетира 14.коло, Куманово го победи Вардар на гости со 89:85.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 25 бода, Кожув, Работнички, Гостивар и Еуро Никел по 24, Куманово 22, Пелистер 20, Академија ФМП 17, Вардар 16.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2020 00:32