Актуелниот НБА-шампион, Торонто ноќеска го совлада Чикаго со 129:102. Канаѓаните го повторија клупскиот рекорд со 11. победа во низа.
Репторс претходно победија 11 пати по ред во периодот јануари 2016 година и во периодот 26 февруари до 16 март 2018 година.
Во досегашниот дел од сезоната, Репторс има биланс 36-14 (победи-порази) и е втор во Источната конференција.