Шејн Ларкин е прогласен за МВП во Евролигата за јануари. Кошаркарот на Анадолу Ефес беше најкорисен играч во сите четири кола во минатиот месец и, најмногу благодарение на него, екипата славеше во сите шест одиграни меча.

Американскиот кошаркар, кој неодамна соопшти дека ја прифатил понудата за настап за репрезентацијата на Турција, во јануари бележеше просек од 25,5 поени и 4,5 асистенции по натпревар и имаше индекс на корисност од 33.

Ларкин беше МВП и во ноември што го прави само втор играч во историјата на натпреварувањето со две вакви признанија во една сезона. Пред него, тоа му успеа на членот на Барселона, Анте Томиќ во февруари и во март во 2014 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2020 20:12