Елиф Елмас го постигна првенец во Наполи во Серија А. Македонскиот репрезентативец го прослави на стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова против Сампдорија во последниот меч од 22. коло.

Елмас е во стартниот состав на наполитанците во мечот што е во тек и во листата на стрелци се впиша во 16. минута по асистенција на Ди Лоренцо. Долгоочекуваниот погодок го прослави со многу емоции кои не можеше да ги исконтролира, па се расплака во прегратките на соиграчите.

Првиот гол за гостите беше дело на Аркадиуш Милик во третата минута, Елмас зголеми на 2:0 во 16. минута, а голот за домашните го реализира Фабио Квалјарела во 26. минута од пенал.

Во вторио дел, Сампдорија успеа само да го изедначи резултатот на 2:2 а со головите на Деме и Мертенс Наполи го постави конечниот резултат 2:4



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2020 23:32