Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ постигна 30 поени, 21 скок и 10 асистенции на натпреварот против Јута. Србинот стана 10. играч во историјата на НБА кој има постигнато најмалку 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции на еден натпревар.
Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта среда кон четврток: Детроит – Феникс 116:108 Бостон – Орландо 116:100 Бруклин – Голден Стејт 129:88 Торонто – Индијана 119:118 Минесота – Атланта 120:127 Оклахома – Кливленд 109:103 Далас – Мемфис 107:121 Јута – Денвер 95:98 ЛА клиперс – Мајами 128:111.