Екипата на Далас Маверикс го доживеа вториот пораз по ред, овојпат од Вашингтон Визардс со 119:118.

Маверикс не може да се справи без најдобриот играч, Лука Дончиќ, кој ќе паузира уште неколку дена поради повреда на глуждот, што го искористи франшизата од главниот град.

Во драматична игра во текот на која екипите постојано се менуваа во водство, Вашингтон имаше поголема концентрација во завршницата и им донесе радост на своите фанови.

Најдобар беше Бредли Бил со 29 поени, 5 скока и 8 асистенции, а Дејвис Бертанс одигра одличен натпревар постигнувајќи 20 поени, од кои пет тројки од девет обиди.

Кај „телињата“ се истакна Сет Кари со 20 поени, еден повеќе од Тим Хардавеј Џуниор.

Далас остана на седмото место во Западната конференција со 31 победа и 21 пораз, додека Вашингтон е деветти на Истокот со учинок од 18-32.

Резулати од НБА:

Филаделфија – Мемфис 119: 107 Вашингтон – Далас 119: 118 Бостон – Атланта 112: 107 Индијана – Торонто 106: 115 Оклахома Сити – Детроит 108: 101 Феникс – Хјустон 127: 91 Сакраменто – Мајами 105: 97 Јута – Портланд 117: 114



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2020 12:57