Во Првата македонска кошаркарска лига викендов на распоредот се натпреварите од 15. коло. На трите досега завршени дуели се радуваа екипите домаќини.

Резултати: Гостивар – МЗТ Скопје Уни Банка 89:69 (вчера) Пелистер – Вардар 96:81 (денес) Куманово – Кожув 79:67 (денес).

Утре играат: Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром Работнички – Еуро Никел.

Пред комплетирање на 15.коло на табелата води Гостивар со 26 бода, пред МЗТ Скопје Аеродром со 25, Кожув, Работнички и Еуро Никел имаат по 24.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2020 22:15