Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на свеченото отворање на стадион „Бурхан Фелек“ во Истанбул му го предаде на Шејн Ларкин дресот со националниот грб.

Американецот Ларкин кој е кошаркар на Анадол Ефес од Истанбул, се согласи да настапува за Турција.

На 1 февруари Ларкин објави дека официјално добил турско државјанство и со тоа ги исполнил условите да игра за турската репрезентација.

На денешната церемонија присуствуваа претседателот на Кошаркарската федерација на Турција, Хидо Туркоглу и селекторот на националниот тим Ергин Атаман.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2020 22:16